Македонија

ВИДЕО: Нема ни трага од поплавата во Скопје

ВИДЕО: Нема ни трага од поплавата во Скопје

Дванаесет часа по невремето кое синоќа го зафати главниот град, нема ни трага дека булеварите и подвозниците биле поплавени. Ако синоќешната слика за Скопје беше потопени и пропаднати автомобили и откорнати дрвја, денеска, нема ни да препознаете дека такво нешто воопшто се случило.

Улиците и булеварите низ Скопје се целосно исушени, единствено кај натпатникот на булеварот Војводина сеуште може да се забележат кал и делови од гранки по патот, но екипите на Град Скопје, работат на теренот и ја расчистуваат локацијата.

DSCN0646

Една од најкритичните точки во Скопје, клучката кај „Континентал“, е исто така сува, на оваа локација нема ни трошка кал, ниту пак гранче од дрво, што би ни покажало дека имало невреме. Ако вчера долниот дел од клучката беше целосно поплавен, денеска тој е сув и прооден.

Подвозникот кај стоковната куќа Мост е прооден, нема никаков застој на сообраќајот. На оваа локација синоќа два автомобили беа заглавени до половина.

Улицата 808 во Автокоманда, поточно онаа каде се сместени фабриките „Пивара“, „Алкалоид“, „Европа“ е една од ретките каде сеуште има големо количество на вода, но и на оваа локација интензивно работат екипите на Град Скопје.

Една од локациите кои беа најпоплавени во Ново Лисиче, поточно потегот од Полициската станица до бензинската на „Окта“ денеска е вратен во нормала. Автомобилите се на местата каде биле и претходно паркирани. Од синоќа пропаднатиот автомобил може да се забележи само регистерската таблица, автомобилот веќе не е на таа локација. Екипите на ЈП „Водовод и канализација“ и на оваа локација непрестанато работат во санирање на дефектот.

DSCN0663

 

По улиците може да се забележи дека вода има во неколку дупки, но ништо од тоа не укажува дека на улицита имало по 30 сантиметри вода.

Генералниот заклучок, 12 часа подоцна е дека и покрај обилните дождови и поплавата која настана синоќа, екипите на јавните претпријатија на Град Скопје си ја завршија работата. Денеска Скопје изгледа како синоќа да не се случила поплава, улиците и булеварите и се суви и проодни, а нема ни никаков застој во сообраќајот.