Нема нови поплави во прилепско по врнежите

Состојбата во прилепско после врнежите од снег и дожд е под контрола, нема поплави во населените места.

По тој повод градоначалникот Ристески денеска присуствуваше на координативниот состанок кој се оддржа со претставниците од Центарот за управување со кризи, ЈКП и Кризниот штаб на кој беа изнесени најновите информации.

На состанокот беше истакнато дека состојбата е стабилна, а речниот водостој е под нивото за време на поплавите.

Водата е бактериолошки и хемиски исправна за користење, но доколку се појави реална потреба градоначалникот Ристески истакна дека општината располага со резерви на флаширана вода кои во зависност од потребите би се дистрибуирале до населените места.