сабота, 27 мај 2017  |  Вести денес: 3

Нема нови случаи на „чвореста кожа“

Забраната за млеко и месо од потенцијално заразените региони е воведена за спречување на натамошно ширење на „чворестата кожа“.

kravi

Поврзани вести

Нови случаи на болеста „чвореста кожа“ кај говедата нема иако постојат сомнежи за нивна појава во подрачја околу Демир Капија, но тие не може да се потврдат додека не бидат готови лабораториските резултати, изјави денеска директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Зоран Поповски.

Одговорајќи на новинарски прашања во Стопанската комора, Поповски повтори дека болеста не се пренесува на луѓето поради што нема потреба од стравувања.

Според него, забраната за млеко и месо од потенцијално заразените региони е воведена за спречување на натамошно ширење на „чворестата кожа“.

Штетите предизвикани од болеста, потенцира директорот на АХВ, ќе се надоместуваат.

Најчитани вести