Нема нови жаришта на син јазик во велешко

Директор на Ветеринарната станица во Велес, доктор Димче Димитриевски за МИА информира дека кај стадата овци во велешкиот регион стивнува болеста син јазик, а воедно нема ниту нови жаришта.

Ветеринарни екипи деновиве ја завршија дезинсекцијата на сите одгледувалишта на овци и кози во поширокиот велешки регион, подвлече тој, посочувајќи оти интензитетот на болеста син јазик кај овците бил најјак во септември, а во октомври, како што рече, ги лекувале последиците.

– Се уште работиме на сумирање на бројката на зафатени и умрени кози од оваа тешка болест која ги зафати овците во велешко, а при што умреа и 20 до 30 проценти од заболените. Некои од заболените овци со големи напори и редовна терапија и нега од нашите ветеринарни екипи и од страна на сопствениците и одгледувачи на овци, сепак успеаја да се излечат од оваа болест ,потенцира Димитриевски.
Тој потенцира дека последиците од оваа болест син јазик, пред се економските по стадата овци во велешкиот поширок регион се доста големи и допрва ќе се сумираат штетите.
– Сепак олеснителна околност во сета оваа штета за сточарите е што со одлука на Владата ќе бидат ослободени од пашарина, ќе добијат субвенции и за умрените грла овца од болеста син јазик, а се поради тоа што овците умрела не по нивна вина,тука како последица на оваа болест која брзо се прошири во стадата овци, посочува Димитриевски, директор на Ветеринарната станица во Велес.