Нема опасност од оштетување на браната Мантово

Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство преку своите надлежни служби, ја следи состојбата со водостојот на акомулациите и на реките особено по обилните дождови што наврнаа во источниот регион.

Од надојдените води,преку браната Мантово во моментов се преливаат  60 кубни метри вода во секунда,но нема опасност од нејзино оштетување. Браната има специјален преливник која има капацитет од 200 кубни метри во секунда.

Според последните информации со престанок на врнежите состојбата се очекува постепено да се стабилизира.