Македонија

Нема опасност од заразни болести по полавите во Србија

Нема опасност од заразни болести по полавите во Србија

Нема опасност од заразни болести по полавите во соседна Србија. Сите потребни мерки се преземени, а засилени се и контролите на граничните премини, истакна денеска, министерот за здравство, Никола Тодоров.

По синоќешната поплава во Скопје, Тодоров на денешната средба со Комисијата за заразни болести информира дека се обезбедени 3,5 тони средства за дезинфекција за во три детски градники кои биле поплавени, како и во подрумската просторија на Детската клиника. Истите се денеска дезинфекцирани.

Министерот и Комисијата, исто така, одлучија да се спроведе засилена вакинација на вработените од комуналните претпријатија.

Јованка Костовска, претседател на Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство, рече дека е донесена и препорака за патници кои патуваат во поплавените подрачја, без разлика дали одат приватно или како спасувачи и во хуманитарна помош, да внимаваат на личната хигиена, да консумираат безбедни вода и храна, термички обработена и добро миено овошје и зеленчук со чиста вода и избегнување контакти со заболени или угинати животни.

Покрај ентерополитите и хепатитот, од поплавените подрачја, според Костовска, може да се пренесат и вектопреносливи и други заболувања, кои се пренесуваат преку комарци или крлежи.