Нема поделби меѓу САД и Европа за Украина

Американскиот државен секретар Џон Кери демантираше денеска дека постојат разлики меѓу САД и Европа за прашањето како да се одговори на украинската криза  и за улогата на Русија во неа.

На Минхенската конференција за безбедност, Кери рече дека во врска со Украина постои дипломатско единство меѓу САД и европските сојузници, пренесува МИА.

Според него, Вашингтон ги поддржува напорите на Франција и Германија да се изработи нов план за прекин на конфликтот на исток во Украина.

– Нема поделби, нема разлики, изјави Кери. – Ние сме единствени, работиме заедно и сите се сложуваме дека тој проблем нема да заврши со воени сили. Единствени сме во дипломатските напори, нагласи Кери.