Нема подолги задржувања на граничните премини

На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Од АМСМ напоменуваат дека оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

Инаку, сообраќајот на сите државни патишта се одвива без забрани и застои, по претежно влажни коловози.

АМСМ препорачува исклучително внимателно возење, прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и планирање на патувањето според временските услови. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Гостивар – крак Маврово – Стража, Демир Капија – Удово и Виница – Берово, каде е можна почеста појава на одрони.

Од 15-ти Ноември 2015 година на сила е законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15 Март 2016 година.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.