Македонија

Нема поголеми штети од циклонот Давид

Нема поголеми штети од циклонот Давид

Циклонот Давид не остави штети зад себе во текот на ноќта и претпладневните часови во штипскиот регион, но и на територијата на цела држава, информира денеска директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Шабан Салиу.

Според Салиу, кој викендов претстојува во штипско, во Македонски Брод имало одронување околу мостот кај реката Треска, а одрони имало и на автопатот Скопје-Велес, кои се санирани и е патот е прооден.

– Поголем проблем имаше и околу радовишкиот регион, околу село Подареш и село Смиљанци. Во одредени места имаме јавување за паѓање на дрвја во реките, во едно штипско село имаше паднато бандера, но сето тоа е санирано, вели Салиу.

Екипите на Дирекцијата за заштита и спасување и на остантите институции ќе останат на теренот, каде што се можни излевање на реките.