Нема потреба од собрание, нека гласаат само Џафери и Груби

Собранието со просто мнозинство ги изгласа изманите на Изборниот законик со кој изборот на членови на ДИК ќе се врши со 61, а не како досега со 81 пратеник.

Законот по скратена постапка и со европско знаменце веднаш влезе во собраниска процедура и беше изгласана потребата од негово носење со 62 гласови ЗА. ВМРО ДПМНЕ не присуствуваше на гласањето. Ваквиот потег на Владата го оценија како скандалозен затоа што никогаш досега измени на изборен законик не се вршеле без консултација на опозицијата.
На гласањето не присуствуваа ниту пратениците од Беса, ниту од крилото на Касами.

Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ откако мнозинството ги стави на дневен ред измените на Изборниот законик во делот на ДИК побара процедурална интервенција, но не му беше дозволено затоа што не бил координатор на пратеничка група.

Нема потреба во Собранието да се дебатира и да се гласа, тоа може да го прави само „пратеникот“ Талат Џафери. Тој може да гласа во името на 120-те пратеници се што ќе му прати Владат. И со комисиите нема потреба да заседаваат други претседатели, туку тоа може да го прави само Артан Груби, порача Димовски.

Со измените на законот се укинува предлог листата со канидати за ДИК да се разгледува на Комисијата за избори и именувања со која раководи Илија Димовски. Таа надлежност и се доверува на Комисијата за европски прашања со која претседава Артан Груби.

Листата со кандидати, Претседатаелот на Парламентот, Талат Џафери ја доставува до политичките партии кои имаат рок од три дена да го информираат за своите предлози по што се пристапува кон гласање во Собранието.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.