понеделник, 27 март 2017  |  Вести денес: 0

Нема повеќе простор за манипулации: Патот до изборите е чист!

Патот до изборите е чист, ДИК со двотретинско мнозинство го усвои збирниот извештај за спроведените вкрстени, административни и теренски проверки.

dik

Последни вести

ДИК веќе го стави на јавен увид избирачкиот список. Граѓаните, наредните 15 дена може да проверат дали ги има на списокот електронски, на веб-страницата на ДИК или лично, во подрачните одделенија на комисијата.

Увидот во избирачкиот список може да се изврши секој ден од 8.30 до 19 часот во подрачните одделенија на ДИК, додека проверката на веб-страницата на Комисијата се врши само со матичен број.

По усвојување на извештајот, повеќе нема дилеми за избирачкиот список.

Се стопија  300 000 фантомски гласачи!

Се стопија 300.000 фантомски гласачи. Жалам што ќе ги разочарам сите што со сите сили го попречуваа работењето на ДИК. Членот на Државната изборна комисија Силвана Бонева во статус на Фејсбук вели дека комисијата ја заврши својата работа.

-Жал ми е што ќе ги разочарам сите што со сите сили го попречуваа работењето на ДИК и што не сакаа да си ја завршиме работата поврзана со проверка и прочистување на избирачкиот список. Горда сум што сум дел од тимот што успеа да направи сестрани проверки на сите гласачи. Оваа постапка ја нема направено ниедна земја во светот, а уште погорда сум на резултатот! Шест членови на ДИК го изгласавме и стоиме зад веродостојноста на избирачкиот список! Продолжуваме со ажурирањето по службена должност, по барање на граѓаните за запишување, промена и бришење во избирачкиот список, со приложена документација, а после 9 ти мај и по барање на партиите!, напиша Бонева на социјалните мрежи.

Како се движеше бројката на гласачи во избирачкиот список?

На парламентарни избори во 2002-ра година, во Македонија беа евидентирани  1.664.296 гласачи. Четири години подоцна, на парламентарните избори во 2006-та година, 1.741.449 граѓани беа дел од Избирачкиот список. За парламентарните избори во 2014-та година беа евидентирани 1.780.128 гласачи.

Од статистиката јасно може да се обелодени дека за време на владеење на СДСМ, во периодот 2002-2006 бројот на гласачи се зголемил за 77.153 гласачи.

За време на владеење на ВМРО-ДПМНЕ,  за 8 години од  2006-та до 2014-та година бројот на гласачи се зголемил за 38.679 гласачи.

Пропаднаа обидите на СДСМ за манипулација со огромен број на фантомски гласачи, за непрочистен Избирачки список и за неспроведени проверки. Денес е кристално јасно дека сите овие нивни тврдења имаа цел да се избега од избори на 5-ти јуни.

Најчитани вести