Нема повеќе кампување покрај езерото Младост

Оваа летна сезона нема да се кампува покрај езерото Младост, пишува порталот Пресс 24.

Од локалната самоуправа на Велес велат дека поголем дел од просторот над патот има сопственици и се очекува за кратко да почнат градежни работи. Ќе се градат четири хотели и мотели.

Во тек е јавен оглас за продажба на уште две парцели покрај Младост. На нив е предвидено да се градат хотелски комплекси.

Според урбанистичкиот план, објектите ќе имаат три ката и приземје.

Инаку на Младост моментално привршува поставувањето на потребната инфраструктура. Објектите се приклучени на водоводната мрежа а завршува изградбата на фекалната канализација.