Нема повредени Македонци во бомбашкиот напад во Кабул

Ниту еден Македонец не е повреден во бомбашкиот напад во Кабул.

Бомбашки напад во Кабул, Авганистан во близина на аеродромот кој го обезбедуваат и 13 македонски војници. Ранети се двајца цивили, а нема повредени припадници на АРМ, дознава ексклузивно Алфа.

Од Армијата за Алфа го потврдуваат нападот, но велат дека сите нивни припадници се добро, на безбедно и сигурно место, нивниот живот не е загрозен и редовно ги извршуваат своите задачи. Дополнителни информации не даваат бидејќи тие биле од доверлив карактер, процедурата за нивно соопштување била регулирана со актите на НАТО.

Камионот – бомба експлодирал на бензинска пумпа во близина на воениот аеродром во Кабул. Според локалните власти најверојатно станува збор за неуспешен и предвремено извршен самоубиствен бомбашки напад бидејќи возилото пред да експлодира се обидувало да влезе во заштитната зона во центарот на градот.