6.8 C
Skopje
петок, март 29, 2024

Нема повредени во лавината што го блокираше патот Дебар-Маврови Анови

Нема повредени и затрупани лица во лавината што попладнето го блокираше регионалниот пат од Дебар до Маврови Анови.

Од СВР Тетово информираат дека одронот се случил околу 18 часот во близина на  бензиската станица кај Бигорскиот манастир.

На терен се екипи од граничната полиција, „Македонија пат“ и полициски службеници и според првичните проценки наскоро ќе почне рачистувањето.

Се очекува патот да биде прооден околу полноќ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.