Нема повредени во пожарот на Водно

Во вчерашниот пожар кај поранешна Панорама на Водно нема повредени. Причинета е само материјална штета.

Вчера се запали покривна конструкција од нова зграда на местото на некогашниот хотел Панорама, на улица „Тодор Александров“ број 77.

Пожарникарите го изгаснаа, а се сомневаат дека инсталациите се причина за пожарот.

Инаку, се работи за локација на Водно каде што се наоѓаат неколку нови луксузни објекти.