(ВИДЕО) Нема пречекорување на полициските овластувања на инцидентот во Битола

Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди ја комплетираше интерната истрага околу нарушувањата на јавен ред и мир и полициската интервенција при фудбалскиот натпревар помеѓу екипите на ФК“Пелистер“и ФК“Вардар“,на Гратскиот стадион во Битола.

Од извршените е констатирано дека СВР Битола ги презел потребните мерки и активности околу организацијата и планирањето на вонредното,оперативно,сообраќајно и физичко обазбедување на фудбалски натпревар понмеѓу екипите на “Пелистер“и“Вардар“, како и при воспоставувањето на нарушениот ЈРМ, така што не се утврдени случаи на пречекорување на полициски овластувања.

„Полициските овластувања се применети пред самиот крај на мечот, кога поголема група од гостинските навивачи одбиле да го напуштат стадионот и безбедно да се упатат кон автобусите со кои допатувале, пружајќи активен отпор со туркање и удирањесо нозе и раце по штитовите на униформираните полициски службеници.Во така настанатата ситуација на потиснување на навивачите,во еден момент, еден од навивачите активирало експлозивна направа. Таканаречената “Шок бомба“се претпоставува дека навивачот или ја истргналод униформиран припадник на посебната единица или во гужвата која настанала со меѓусебното потиснување, таа неактивирана испаднала, по што ја зел и набргу потоа ја активирал,“ се вели во извештајот.

Од страна на СВР Битола преземени биле потребните мерки и активности и во консултација со ЈО биле констатирани шест кривично правни настани.

„Во однос на настанот околу активирањето на експлозивната направа биле извршени проверки на видео записот од ОКТ од СВР Битола на кој се гледа лице кое подолго време во десната рака држи бомба, што укажува на тоа дека истата претходно не била активирана, туку тоа било сторено од лицето со што е предизвикана општа опасност. Полицискиот службеник чија била бомбата во службена белешка навел дека забележал дека му ја нема бомбата која ја ималзакачено на горниот дел од панцирот од десната страна, но не можел да прецизира дали му испаднала или некој од навивачите му ја извадил.Во прилог е обезбеден уште еден видео запис од ТВ Тера објавен и на интернет страната на навивачката група комити. На видеото јасно се гледа дека дека навивачот повеќе пати замавнува со истата кон полицијата, односно дека ја држи подолго од три секунди, што укажува на фактот дека истата претходно не била активирана, туку дека тоа било сторено од негова страна, “ се вели во извештајот.