Нема пречки бизнисмените од Македонија и Турција да соработуваат во ИТ и здравствениот сектор

Компании од областите ИТ и здравство од Измир се заинтересирани за инвестиции во Македонија, беше истакнатп што посетата на претставници на дваесетина фирми од Измирската трговска комора од ИКТ и здравствени кластери во четврокот на бизнис форум и средбите со македонски компании членки на Стопанската комора на Македонија и Турција (МАТТО) ги разгледуваат можностите за соработка.

Покрај потенцијалите за инвестирање, деловните луѓе од двете земји ги анализираат и можностите за заедничко учество во европски проекти и настап на трети пазари, а конечниот ефект треба да биде зголемена трговска размена меѓу двете држави.

Присутни се компании од Турција од ИТ секторот кои се заинтересирани да инвестираат во Македонија и да отворат свои претставништва, како и фирми од здравствениот сектор, производители на фармацевтски производи, медицински помагала да ги пласираат нивните производи тука. Како МАТО стоиме на располагање да ги поддржиме во нивните намери“, изјави Марија Томевска, потпретседател на МАТТО.

МАТТО и Измирската трговска комора денеска склучија договор за соработка којшто, според Томовска, дополнително ќе ја зголеми трговската размена меѓу Македонија и Турција.

Македонија и Турција во изминатиот период имаат создадено значителни стратешки врски, економската размена е на високо ниво и изнесува над 450 милиони евра. Сепак, сметаме дека со дополнителните врски што ќе ги воспоставиме со Измирската трговска комора, како и со другите комори од Турција ќе ја зголемиме трговската размена и ќе придонесеме за зголемени странски инвестиции од Турција“, додаде Томевска.

Од Измирска трговска комора, исто така, очекуваат да се воспостави нова соработка меѓу компаниите во насока на зголемување на трговската размена и економски развој.

Се надеваме дека ќе имаме можност да воспоставиме соработка и контакти за компаниите од ИТ секторот и здравствените услуги, како и деека преку постигнатите добри резултати ќе придонесеме за соработката меѓу двете земји, а во Турција ќе се вратиме со успешни резултати“, рече Емре Илалан, член на Управниот одбор на Измирската трговска комора.

Пред претставниците на компаниите од Измир беа претставени детали за индустријата за здравствена заштита и процедурите за регистрација на лекови и медицински помагала во Македонија.

Претседателот на Асоцијацијата на приватни здравствени организации Андрија Арсовски се надева дека со денешните средби ќе се отворат повеќе перспективи за соработка на македонските здравствени установи и за фирмите кои се занимаваат со дистрибуција и изработка на лекови.

Имајќи ги предвид  капацитетите кои ги има турскиот здравствен систем и турските компании, мислам дека ова ќе биде само еден вовед во натамошна успешна соработка затоа што постојат многу можности кои треба да се искористат“, рече Арсовски.