Нема преживеани во хеликоптерската несреќа – утре е Ден на жалост

Српското Министертсво за одбрана потврди дека нема преживеани во падот на воениот хеликоптер „Ми-17“, кој бил ангажиран во акцијата за спасување на бебе од Нови Пазар. Потврдено е дека во леталото, кое падна во близина на белградскиот аеродром, имало седум лица, вклучувајќи го и бебето.

Утре во Србија е прогласен Ден на жалост.

Министерот за одбрана, Братислав Гашиќ, истакнал дека двата пилоти кои денеска загинаа во несреќата, биле најдобрите кои српската војска ги имала.