Нема присуство на вирус на западнонилска треска кај двата сомнителни случаи

Резултатите од испитувањата во лабораторијата на Институтот за јавно здравје покажаа дека двете лица, дете и жена,  немаат вирус на западнонилска треска, исткана во четвртокот истакна др Лилјана Кузмановска од Институтот за јавно здравје на Република Македонија.

Овие испитувања во лабораторијата на Институтот следат откако при претходно направени анализи постоеше сомневање за можна инфицираност со опасниот вирус, од кој досега во соседството се регистрирани неколку фатални исходи.