Нема простор за паника: Во Македонија нема свински грип

Од Институтот за јавно здравје на Република Македонија смируваат. Нема простор за паника во Македонија нема свински грип.

По информациите што се појавија во јавноста за починати лица од грип во Битола, Нетпрес стапи во контакт со д-р. Гордана Кузмановска, специјалист епидемиолог и раководител на Секторот за контрола и следење на заразни болести при Институтот за јавно здравје во Република Македонија.

Таа во изјава за Нетпрес вели дека досега во Институтот немаат добиено информација ниту за во Битола, ниту пак за било каде во Македонија дека некое лице починало од грип.

Како што појасни таа во изјавата, станува збор за лица кои што претходно имале влошена здравствена состојба.

Досега никој не починал од грип, туку од болести асоцирани со вирусна инфекција на грип, појаснува таа.

Во однос на прашањето дали во Македонија во момнетов е забележано присуство на т.н. свински грип, таа уште еднаш појаснува дека свински грип за последен пат кај човек бил регистиран во 1972 –та година во САД, и дека такво нешто не постои, а дека во моментов е присутен вирусот од типот AH1N1, што,  како што рече, е поттип на сезонски грип.

вакцината против грип ги покрива сите тие поттипови на грип, како и вирусот од типот AH1N1
Вакцината против грип ги покрива сите тие поттипови на грип, како и вирусот од типот AH1N1

Таа појасни дека вакцината против грип ги покрива сите тие поттипови на грип, како и вирусот од типот AH1N1 и дека простор за паника нема.

Инаку во последните денови се појавија информации во медиумите дека четворица битолчани починале од грип на инфективното одделение во клиничката болница „Д-р Трифун Пановски“.

Тројца биле повозрасни пациенти, кои имале и други заболувања, а четвртиот бил на возраст од 29 години и починал на скопските клиники, каде што бил испратен поради настанати компликации.