Нема сообраќај помеѓу Бугарија и Грција: Бугарските пратеници бараат ЕК да поведе кривична постапка

Европската комисија да веднаш да заземе став за случајот со блокадата на бугарско-грчката граница и да започне кривична постапка против грчката влада. Ова стои во декларацијата што бугарскиот парламент ја усвои едногласно со 186 гласа „за“, јавуваат тамошните медиуми.

Во документот се изразува уверување дека нема да биде дозволено од грчка страна кризата да доведе до влошување на билатералните односи.

Бугарскиот парламент ги повика грчките власти да ги преземат потребните мерки за воведување на ред и за обезбедување на слободно движење преку границата.

Пратениците инсистираа одговорните бугарски институции да продолжат со напорите за решавање на кризата во билатерален план.

Инаку по неколкунеделните протести на грчките земјоделци, бугарските превозници застанаа на контра-протест и ги блокираа сите гранични премини кон Грција.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.