Нема средба меѓу новиот и стариот премиер на Грција

Формална церемонија за предавање на функцијата од досегашниот премиер и лидер на второпласираната Нова демократија Андонис Самарас нема да се одржи, туку шефот на кабинетот на поранешниот грчки премиер Костас Бурас ќе го брифира шефот на кабинетот на новиот премиер Ципрас во седиштето на Владата.

Така, иако претходно беше најавено дека Самарас официјално ќе му ја предаде функцијата на Ципрас, лидерите на Нова демократија и Сириза, сепак, нема да се сретнат, пишува МИА.