Нема уапсени по експлозијата во Њујорк

Нема уапсени во истрагата по вчерашаната експлозија во Њујорк иако полицијата запре сообраќај на еден од градските мостови, изјави портпаролка на ФБИ.

– Го запревме сообраќајот на градски мост за да се претресе еден автомобил, но немаше основа за апсење и никој не е засега обвинет, изјави Кели Лонгмесер, портапрол на ФБИ.

Најмалку 29 луѓе беа поврдени во експлозија што вчера се случи во квартот Челси на њујоршки Менхетен. Покрај бомбата што експлодирала биле пронајдени и четири темпирани експлозивни направи, но само една била детонирана, наведоа од Обвинителството во изјава за Си-Ен-Ен.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.