петок, 26 мај 2017  |  Вести денес: 32

Нема веќе бегалци во кампот кај Идомени

Грчките власти попладнево соопштија дека целосно го испразниле дивиот бегалски камп кај граничниот премин Идомени и сите мигранти од таму ги префрлиле во прифатните центри во северна Грција, пренесува МИА.

Бегалски Камп во Идомени

Бегалски Камп во Идомени

Поврзани вести

Грчките власти попладнево соопштија дека целосно го испразниле дивиот бегалски камп кај граничниот премин Идомени и сите мигранти од таму ги префрлиле во прифатните центри во северна Грција, пренесува МИА.

Дивиот камп кај Идомени, во близина на грчката граница кон Македонија, постоеше неколку месеци и во него во еден момент престојуваа дури 12.000 мигранти.

Последните неколку илјади мигранти денеска со автобуси или пеш беа префрлени во околните бегалски прифатни центри.

Акцијата за префрлување на мигрантите траеше три дена и во тој период влез во кампот им беше забранет на новинарските екипи и на активистите на хуманитраните организации, со исклучок на претставниците на Високиот комесаријат на ОН за бегалци (УНХЦР) и на „Лекари без граници“.

За време на дислоцирањето на мигрантите на неколку километри од Идомени се собраа група демонстранти, кои протестираа против нивното преместување.

Како што јави АНА-МПА, грчкиот минситер за мигарции Јанис Музалас во интервју за телевизијата Мега изјави дека евакуацијата на кампот во Идомени била приоритет на Владата, со цел да се избегне негово „срамно споредување со фавелите“.

Тој најави дека наскоро ќе бидат дислоцирани и камповите што се наоѓаат на поранешниот атински аеродорм Елиникон и во пристаништето Пиреја.

Целта на властите со дислокацијата на кампот во Идомени беше итно да се ослободи пругата од Грција кон Македонија која е блокирана веќе 70 дена, поради што загубите на грчката железница се проценуваат на околу 2,5 милиони евра.

Раководството на „ТраинОсе“ соопшти дека очекува во следните десет дена да се нормализира состојбата со возниот ред. Претставници на компанијата веќе се во Идомени и вршат увид на железничката пруга.

Најчитани вести