ФОТО+ВИДЕО: Нема веќе камп пред Влада

Нема веќе камп пред влада
Нема веќе камп пред влада

Нема веќе камп пред Влада, од утре слободно ќе се вози по булеварот Илинденска. Камперите ги пакуваат шаторите откако претходно партијата со одлука на Централниот одбор одлучи да го затвори „Кампот на слободата“ поставен пред шеесетина дена пред зградата на Владата на Република Македонија.

nema-veke-kamp-pred-vlada-2
Камп пред Влада

По два месеца станарите од околните згради ќе се разбудат со поинаква глетка од прозорците. Нема веќе камп пред Влада. Камперите утрово почнаа да ги пакуваат шаторите.

Заев најави растурање на кампот пред Влада

Од утре слободно ќе се вози по булеварот Илинденска
Камперите ги собираат шаторите пред Владата на Р. Македонија

Доцна синоќа во кампот се појави и лидерот на СДСМ, Зоран Заев, кој рече дека овој камп го поставил темелот на слободата во Република Македонија и им се заблагодари на тие што овде останале и на дожд и на сонце. Како што рече, кампот ја исполнил целта.

Од утре слободно ќе се вози по булеварот Илинденска
Од утре слободно ќе се вози по Илинденска

Во следните неколку дена се очекува да биде растурен и кампот во паркот „Жена борец“, каде беа сместени „Чуварите на демократијата“ по голоемиот народен митинг на ВМРО – ДПМНЕ.