Нема веќе ограничувања за депортација на Авганистанци

Германската влада не гледа повеќе причина да се воздржи од депортација на луѓе во Авганистан од безбедносни причини, рече германската канцеларка Ангела Меркел.

Од наша гледна точка, ограничувањата не постојат, рече Меркел, обраќајќи се на германските делегати.

Германија пред околу една година престана да организира летови за депортација на луѓето во Авганистан, откако германската амбасада беше делумно уништена во бомбашки напад во Кабул.

Владата на Германија продолжи во септември да испрати ограничен број авганистански имигранти, вклучувајќи ги лицата со криминални досиеја и оние кои одбиле да дадат точни информации за нивниот идентитет.

Германската канцеларка се обрати на делегатите откако Министерството за надворешни работи неодамна објави извештај за ситуацијата со мигрантите од Авганистан и откако операциите на германската амбасада сега го достигнаа речиси нормалното ниво.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.