Нема веќе турканици при поднесување годишна даночна пријава

Над 300 илјади граѓани колку што се проценува дека годишно поднесуваат даночни пријави, во иднина нема да имаат обврска самите да ја носат пријавата на шалтерите во Управата за јавни приходи (УЈП).

Според новите прописи, УЈП ќе има обврска да ги собере сите податоци за остварените приходи на физичкото лице и во електронска форма да му ги достави на увид за дополнение или исправка.

Секој граѓанин ќе има лозинка преку која ќе може да влезе во пријавата доставена од УЈП и да направи проверка на своите податоци.

Ако забележи дека во пријавата не се внесени некои од остварените приходи истите ќе може сам да ги додаде.

Се работи за подобрување на систем кој значително ќе помогне за намалување на гужвите на шалтерите.

И со новиот систем со кои практично граѓаните се ослободуваат од обврската да одат на шалтер, се предвидува секој кој ќе се обиде да сокрие дел од приходите остварени во текот на годината, може да се најде на црната листа на управата за јавни приходи.

Сепак, преку кампања граѓаните ќе бидат детално запознаени за сите новитети кои фазно ќе се реализираат почнувајќи од следната година.
Но, останува можноста данок да се пријавува и на шалтер, за сите кои немаат услови да добијат електонска пријава од УЈП.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.