Нема веќе поплави во Скопје, Градот ги решава црните точки

Градот Скопје на терен почна да спроведува активности за справување со поплавите кои настануваат поради поројните дождови. Градскиот татко, кој денеска ја посетил улицата „Киро Глигоров“, каде се во тек градежни активности, информираше дека ќе се решат проблемите на сите „црни точки“ во Скопје.

-При поплавите лоцирани се десетина места на кои имавме проблеми. Улицата „Киро Глигоров“ кај подвозникот е едно од критичните места. Денеска тука ќе завршат градежните работи, во должина од околу 100 метри се прави нов атмосферски колектор, со кој проточноста на атмосферските води ќе се зголеми двојно. На постојниот атмосферски колектор имаше две прекршувања по 90 степени, а на овој начин ќе се исправи колектори и сметаме дека ќе се зголеми проточноста, истакна градскиот татко Коце Трајановски.

На оваа локација и на улицата „Павел Шатев“, прдвидена е и замена на пумпите, што ќе придонесе да се намали можноста од поплавување. На сите критични локации ќе бидат поставени попречни решетки, ќе се зголемат сливниците и ќе има продлабочување.

500koce2Untitled-2

Колектор веќе е направен и на улица „Финска“, но главното решение ќе биде со изградбата на улица „Маџари“, каде покрај патната инфраструктура ќе се направи и атмосферски колектор од „Антон Попов“, па се до булеварот „Александар Македонски“. Тендерот за изградба на улица „Маџари“ ќе биде објавен најдоцна до 15 октомври.

-Заедно со ЈП „Водовод и канализација“ и со Секторот за урбанизам на Град Скопје направен е веќе акционен план за сите десет критични локации, каде и што треба да правиме во текот на овие два до три месеци. Сметаме дека до крајот на годината или ќе завршат или ќе бидат почнати градежните активности за останатите локации, додаде Трајановски.

Вкупната инвестиција за решавање на проблемите на сите 10 критични места е околу 2 милиони евра.

Трајановски упати и апел до сите градоначалници од Скопје, да почнат со лоцирање на критичните точки на локалните улици на кои има проблеми, за да почнат да се прават атмосферските канализации, кои пак треба да се приклучат во главните колектори.