Нема виновник за несреќата на Шумахер

Францускиот обвинител ПатрикКвинс, кој јаводи истрагата за несреќата на седумкратниот шампион во Формула 1, Германецот Михаел Шумахер,потврди дека нема виновник за повредата на поранешниот пилот во најбрзиот циркус на денешницата.

Шумахер е во кома од 29 декември, минатата година кога падна на скијање во Франција.

“Не пронајдовме доказ дека некој е виновен за несреќата на Шумахер. Несереќата се случила надвор од патеката, а Шумахер не требал да скија таму. Михаил ја напуштил патеката и со главата удрил во камен, а возел дури 4,5 метри подалеку од уредената патека, изјави Квинс.

Обвинителот потврди дека опремата на Шумахер била во одлична состојба и дека тој не возел со голема брзина.