Македонија

Нема влез на нови бегалци и мигранти на јужната граница

Нема влез на нови бегалци и мигранти на јужната граница
Чешка ги отфрла обврзувчките квоти за бегалци

Во Транзитниот прифатен центар „Винојуг“ во Гевгелија веќе повеќе од 50 часа нема влез на нови бегалци и мигранти откако балканската бегалска рута практично остана затворена по најавата на Словенија, а потоа и на Хрватска и Србија, дека нема да примаат бегалци без валидни визи и пасоши согласно одлуката за примена на новиот режим во Шенген зоната, јавува известувачот на МИА од Гевгелија.

Со ова нерегуларниот проток на бегалци по западнобалканската рута е завршен. Македонија од своја страна, како што претходно изјави министерот за надворешни работи Никола Попоски, сите мерки ќе ги усогласува со ЕУ и реципрочно ќе ги применува на својата јужна и северна граница.

Дождот којшто во текот на ноќта врнеше само дополнително ги отежнува условите за работа на пограничната полиција и на бегалците кои не се откажуваат од својата цел да стигнат до Германија.

Лидерите на ЕУ и Турција на 7 март постигнаа договор во Брисел за заедничко решавање на мигрантската криза. Тие си оставија десеттина дена да најдат финално и трајно решение, кое што би било усвоено на Самитот најавен за 17 март.