Нема загинати македонски државјани во земјотресот во Италија

Нема повредени, ниту загинати македонски државјани во силниот земјотрес што ја погоди Италија, според засега неофицијални информации. Од МНР најавија дека наскоро ќе излезат со официјално соопштение.

Бројот на загинати лица во силниот земјотрес што го погоди централниот дел на Италија се искачи на 37.

Италијанскиот премиер Матео Ренци на Твитер напиша дека властите се во контакт со локални официјални лица од погодените зони и дека им е испратена дополнителна помош.

– Моето место веќе не постои, единствено слушаме гласови од под урнатините, изјави градоначалникот на Аматриче, Серџо Порици.

111

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.