Нема заложничка криза во Париз, напаѓачот е упасен

Француската полиција го уапсила вооружениот маж, кој во едно париско предградие, се заканувал дека ќе се разнесе со бомба, пренесе Раша Тудеј.

Кај мажот кој е уапсен не бил пронајден експлозив, туку само пиштол.

Претходно, весниците Парисиен и Фигаро, известија дека во училиштето Енжон ле-Бун, во северниот дел на Париз, влегол бомбаш самоубиец и дека на местото на настанот се наоѓаат голем број припадници на специјалните полициски сили.

Претходно на интернет се појавија поголем број шпекулации дека има заложничка криза во училиште во Париз или дека бомбаш самоубиец се заканува дека ќе се разнесе.

Повеќе за ова на следниот линк.