Нема жртви во инцидентот во Марсеј

Петмина маскирани напаѓачи вооружени со автоматско оружје денеска отворија оган врз полицајци во францускиот град Марсеј. Во инцидентот нема жртви, изјави портпаролот на локалниот полициски синдикат Жан-Мари Алеман, пренесе МИА.

Напаѓачите носеле маски и панцири. Инцидентот се случи во квартот Кастелан, дел од градот каде често се извршувани полициски акции за спречување шверц на дрога.

Меѓу полицајците бил и началникот на полицијата на Марсеј, Пјер Мари Бурникел.

фото: МИА