Немате пари? Итно ослободете се од овие навики

Тешко е да се ослободите од лошите навики кога се во прашање парите, независно од тоа дали истите се последица на вашето воспитување или незнаењето за личните финансии.

„Бизнис инсајдер“издвои седум лоши навики, како и совети за помош како да се ослободите од нив.

Емоционално трошење

Приременото добро чувство кое го добивате додека купувате исчезнува, а вие добивате долг на кредитната картичка или голем број работи кои не ви се потребни. За да избегнете импулсивно купување, поставете си некакви правила. На пример купете ги само оние работи кои сте ги ставиле на листата на желби која сте ги направиле додека сте биле релативно смирени, а не кога се обидувате себеси да се одвратите од тегоби или тага.

Позајмување пари

Иако помагањето на другите е добра човечка карактеристика, позајмувањето пари на пријателите и семејството може да наштети и на вашиот џеб и на вашите односи.

Освен нудењето заем, постојат бројни други начини на кои можете да им помогнете на пријателите и да го сочувате вашиот однос. Ако сепак сакате да им дадете пари, тогаш подобро е да им подарите, а ако тоа не можете да си го дозволите, најдобро е да не им позајмувате.

Постојано плаќање на сметките

За некои личноти можноста на своите пријатели да им ја платат вечерата или да платат една тура пијачки е гордост. Но, ако влегувате во долгови, бидејќи постојано вие ја плаќате сметката, сте отишле предалеку.

Споредување на вашата финансиска ситуација со ситуацијата на други луѓе

Многумина од нас својот успех го мерат според големината на домот во кој живеат или автомобилот кој го возат, но таа претпоставка е лоша. Големата куќа и скапите работи само покажуваат како некои луѓе се одлучиле да потрошат пари, а не колку всушност имаат. За да престанете да живеете над вашите можности, почнете да одредувате што е важно за вас – само за вас.

Трошење на целиот приход

Сите мораат да ги платат сметките и да го купат она што им е потребно секој месец, но ваше е да одлучите што ќе сторите со остатокот од парите. Ако изберете се да потрошите наместо да вложите или да заштедите, тоа може да ви стане навика. Тоа значи дека нема да имате фонд за итни ситуации, па ниту пензија на крајот на вашата кариера. Препорачливо е да напишете пресметка која вклучува месечно одвојување за заштеда за пензија или пак заштеда која ќе ви треба во итни ситуации.

Зависност од кредитни картички

Ако сте навикнати на живот со долг на кредитните картички, земете време да сфатите што точно работите со парите. За да го прекинете кругот, веднаш престанете да ги користите картичките.

Игнорирајте го очигледното

Ако избегнувате да ја проверите кредитната картичка или состојбата на сметката, живеете во парична кома. Можете да мислите дека проблемите ќе исчезнат, но нема. Побарајте помош од пријателите, семејството или финансискиот советник за да ја процените својата финансиска ситуација и да развиете план како да ја подобрите.