Немало реекспорт од Македонија во Русија

Целиот извоз од Македонија за Русија на земјоделски производи се состои од македонски производи, констатирала Владата на вчерашната седница.

Министерот за економија Беким Незири во одговор на прашање по доделувањето на наградите на бизнис натпреварот „Биди перспективен, започни свој бизнис“,  посочи дека комисијата задолжена за испитување на обвинувањата од руска страна за реекспорт на европски земјоделски производи од Македонија во Русија вчера пред Владата го доставила извештајот според кој сите македонски компании извезувале само македонски земјоделски производи во Русија и воопшто не го прекршиле законот.

– Нашите заклучоци ќе ги доставиме до Руската Федерација за да се направи споредба со нивните и очекуваме во најскоро време овој случај да биде затворен, рече министерот Незири.