четврток, 22 декември 2016  |  Вести денес: 32

Немања Младеновиќ – ново засилување на Металург

Металург се засили со ракометарот на Сесон Рен Немања Младеновиќ, информираат од клубот на нивната официјална веб страна.

nemanja-mladenovic

Поврзани вести

Металург се засили со ракометарот на Сесон Рен Немања Младеновиќ, информираат од клубот на нивната официјална веб страна.

Младеновиќ има 22 години, игра на позиција среден и лев бек, а во својата кариера има настапувано само за два клуба. На 15-годишна возраст тој замина во Бундес-лигата каде мина пет години во Гумерсбах, а последните две сезони беше дел од елитната француска лига, каде го носеше дресот на Сесон Рен.

Младеновиќ со Металург потпиша двегодишен договор.

Металург се уште е големо име кое значи во европскиот ракомет. Ме привлече можноста да работам со стручњак од калибарот на Лино Червар, како и можноста да играм во две силни лиги, Лигата на шампионите и СЕХА-лигата, а тоа ретко кој клуб може да го овозможи. Во Металург препознавам млад и амбициозен тим, кој има многу простор за напредок, и јас сакам да бидам дел од еден таков проект, изјави Младеновиќ по потпишувањето.

Најчитани вести