Немате доблес да ја поздравите новата фабрика на Џонсон Контролс во Струмица

Пратеникот Васил Пишев од Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ на денешната дебата за предлог буџетот за 2016 година во реплика на сограѓанинот Марјан Даскаловски од СДСМ му посочи барем еднаш да се одважат пратениците на СДСМ и да ја поздрават новата инвестиција на Џонсон Контролс во Струмица.

  • Кога зборуваме за буџетот, ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, дали тој е добар и развоен за граѓаните на Република Македонија, каков и да е вас како опозиција не е прифатлив, се што слушаме се навреди и плукања. Мислев дека ќе најдете доблест за да се заблагодарите на ВМРО-ДПМНЕ и на нас како пратеници од Струмица за донесената странска инвестиција на Џонсон Контролс што ќе отвори 1500 вработувања во Струмица. Многу пати зборувавте дека додека е Зоран Заев градоначалник на Струмица, Владата нема да носи странски инвестиции во општината, ама еве донесе и во скоро време ќе донесе и други инвестиции.

Пишев исто така зборуваше и за помошта која што Владата ја обезбедува за развој на малите и средните претпријатија.

  • Кажувате за малите и средните претпријатија, јас жалам значи вие не сте го претеле ВМРО-ДПМНЕ од почетокот. Од 350 милиони евра дури 320 милиони се искористени во мали и средни претпријатија.

На крај Пишев го потсети Даскаловски за ободниот канал кој што е едно од ветувањата на Зоран Заев во неговата програма но сеуште не е реализирано.

  • Кога сме кај ободниот канал, еве ја програмата на Зоран Заев во која што пишува за Куклиш. Тоа го ветивте на граѓаните на Куклиш дека ќе изградите ободен канал. Каде ви се парите?
  • Ние направивме доста за општина Струмица, го изградивме системот за наводнување Маркова река, го започнавме струмичкиот театар, сега започнува реконструкција на старата полициска станица.