Немцов имал син со љубовницата

Русинката Екатерина Ифтоди тврди дека со убиениот опозиционер  Борис Немцов има 11-месечен син и бара од неговото семејство да го признае.

– Сакам да кажам дека имам син, малиот Борис, потомок на нашиот незаборавен и единствен Борис Немцов – тврди 32-годишната Екатерина, која работела како службеник во „Газпромбанк“.

Според адвокатот на Немцов, тој додека бил жив го поделил имотот на синот Антон и ќерките Жана, Дина и Софија, а врската со Екатерина, па и синот, ги чувал во тајност.

Екатерина го запознала Немцов во 2013 година и била фасцинирана од него.

– Гглавно се состанувавме во неговиот стан на Ординки. Со него никогаш не ми беше здодевно. Првиот пат кога отидов кај него на гости, направив и однесов цел пакет со јадење. Ме погледна и ми кажа: „Импресиониран сум, ти си првата од толку жени кои дошле и донеле нешто“. Тоа многу го трогна, ме прегрна и додаде: „Ова никогаш нема да го заборавам“ – раскажала Екатерина.

Таа рекла дека никогаш не размислувала за брак со Немцов, туку се грижела за него и не ја интересирало што тој бил оженет.

Последен пат го видела на 20-ти февруари, една седмица пред убиството, кога се вратил од Јарославија.

– Никогаш не го поставивме прашањето за свршување, бидејќи тоа не беше мојата цел. Тоа е глупаво, знаев колку Борис ја сака слободата – рекла таа.

Кога му кажала дека е бремена, тој се насмеал и рекол дека не знаел дека е во толку добра физичка форма. Момчето се родило на 7-ми април 2014-тата година, а таа сакала да му го даде името Јефим, по таткото на Немцов, но тој побарал таа да избере било кое друго име, зашто неговиот татко починал рано, па тој стравувал дека неговото име би можело да биде малерозно.

Немцов не помагал финансиски околу детето, го видел само кога се родило.

Екатерина вели дека семејството на Немцов знае за малиот Борис, но дека не се огласува. Додека траел погребот, таа стоела крај неговото семејство. Таа бара од мајката на Немцов, Дина Јаковљевна да го запознае и да види дека станува збор за нејзина крв. Подготвена е и за ДНК анализа.