Немилосрдно се цицаат државни пари од Министерството за одбрана

Министри, советници во владата на премиерот Зоран Заев и поддржувачи на СДСМ се дел од невладините организации кои добија пари за проекти од Министерството за одбрана. Вкупно 3.000.000 денари, министерството ќе им даде на девет здруженија на граѓани и фондации, по распишаан јавен повик, на 5 април годинава.

Невладината организација Евро-Атлантски совет на Македонија (ЕАСМ), доби 500.000 денари за проект „Школа за одбрана, безбедност и НАТО интеграции“. Проектот што ќе трае шест месеци, од јули до декември, предвидува реализација на 15 неделна школа за теми поврзани со НАТО интеграциите, безбедноста и одбраната.

Исмет Рамадани

ЕАСМ е невладина организација формирана 1997 година во Скопје, која  промовира евро-атланската идеја, и досега исто така имала соработка  со државните институции, особено со Министерството за надворешни работи и Министерството за одбрана. Претседател на ЕАСМ е Исмет Рамадани, кој премиерот Зоран Заев минатата година  го назначи за надворешен соработник за подготовка анализа и извештаи за остварување на стратешки приоритети и определби за членство во НАТО. Тој за своите советодавни услуги добива месечен надоместок од 40.000 денари.

Граѓанска асоцијација МОСТ, чиј претседател е Дарко Алексов, доби 300.000 денари за отворање на Инфо-центар за евроатлантски интеграции, исто, во времетрање од шест месеци.

Аксел Ахмедовски

Невладината организација „КХАМ“ од Делчево, доби 150.000 денари за сензибилизирње на женската популација од три локалитети на возраст од 17 до 20 години, преку информирање за можностите за школување на Воената академија. Претседател на „КХАМ“, е Аксел Ахмедовски, министер без ресор за имплементација на Стратегијата за Ромите, кој дојде на местото Самка Ибраимоски. Ахмедовски од 1994 до 2002 бил член на СДСМ, од 2008 до 2012 генерален секретар на Партијата за целосна еманципација на Ромите (ПЦЕР), а од 2013 потпретседател на оваа партија.

Институтот за европски политики -ЕПИ, за организирање на граѓанска дебата за НАТО, доби 400.000 денари од Министерството за одбрана. Директор на Институтот е Малинка Ристевска Јорданова, позната во јавноста како гласен поддржувач на СДСМ.

Малинка Ристевска Јорданова

Фондација за дебата и едукација ИДЕА Југоисточна Европа од Скопје, за  изработка на видеа за промоција на професионалната Армија на Република Македонија и доближување на Македонија до НАТО, од министерството ќе добие 500.000 денари. Оваа Фондација е дел од меѓународна мрежа на ИДЕА организации и главна дејност е  промоција на критичко размислување и учество млдите во процесот на креирање на политики. Целна група на Фондацијата се млади луѓе, студенти, активисти и младински граѓански организации.

Здружението Мултикултура, за изработка на проект за поддршка на интегративните процеси на Македонија во Евроатлантските структури, за шест месеци ќе добие 400.000 денари. Вулнет Зенки е извршен директор на здружението коешто промовира граѓански права преку промоција на младинскиот активизам и меѓуетничката толеранција.

Сојузот на извидници на Македонија, со 400.000 денари ќе треба да ја популаризира АРМ меѓу младите.

Сојузот на Борци НОАВМ 1941-1945 и граѓани подржувачи,  ќе учествуваат во проект за негување на ревулуционерните традиции и популаризација на воениот позив, за што ќе добијат 200.000 денари.

Организацијата на резервни офицери на РМ, чиј претседател е Ѓорѓи Малковски, ќе работи на едукација со цел мотивираност и мобилност на резервните офицери и подофицери. За оваа цел, Министерството за одбрана ќе им додели 150.000 денари.