понеделник, 21 август 2017  |  Вести денес: 29

Немири пред амбасадата на Русија во Киев (ВИДЕО)

Дошло и до судир со безбедносните сили. Еден од напаѓачите е приведен.

133346530

Последни вести

Пред амбасадата на Русија во Киев почнаа немири, откако група радикално настроени млади лица се обиде да го блокира влезот на амбасадата, јави украинската телевизија „112 Украина“.

Неколку лица се обиделе да го блокираат влезот на зградата, а потоа почнале да ја туркаат оградата.

Дошло и до судир со безбедносните сили. Еден од напаѓачите е приведен.

Полицијата ја опколи зградата и не им дозволува на демонстрантите да стигнат до зградата на амбасадата.

Обезбедувањето на руската амбасада во Киев утринава беше зголемено поради предвидените за денеска парламентарни избори во Русија, соопшти полицијата на украинската престолнина.

Најчитани вести