Немири пред канцеларијата на Иванов: Повреден Наќе Батев, уредникот на фотографија во Вечер

Во насилните демонстрации кои вечерва се случуваат на стар Рекорд, пред Народната канцеларија на Претседателот на РМ, која е целосно демолирана, повреден е Наќе Батев, уредник на фотографија во весникот Вечер.

Вечер пишува дека Батев е повреден во вечерашните насилни протести пред Народната канцеларија на Претседателот на Република Македонија.

Батев бил повреден во глава додека ја извршувал својата професионална задача, во моментот кога насилните демонстранти се судрија со полицијата да го пробијат полицискиот кордон.

Преврзан е и префрлен на Ургентниот центар во Скопје, каде во моментов му ги санираат повредите на главата.