Немири во центри за бегалци во Брисел

Немири во центри за бегалци во Брисел
Немири во центри за бегалци во Брисел

Во два центри за задржување странци без статус во Брисел избија немири, јавуваат белгиските медиуми, пренесе МИА.

Инцидентите почнале кога на покривот на еден од центрите се качил Тунижанец, кој се заканувал дека ќе скокне. Тој инстистирал да даде интервју за медиумите. Преговорите со него продолжуваат, а изминатите неколку часа тој се смирил, откако телефонски разговарал со некого.

На местото на настанот пристигнале десетици негови поддржувачи, за да протестираат пред оградата. Во внатрешноста на центарот задржаните лица одбиле да влезат во зградата по вообичаената прошетка низ дворот.

Во меѓувреме во друг центар во близина, 29 Ирачани почнаа штрајк со глад, а уште 12 други задржани лица почнаа протест за нивна поддршка.

Ирачаните се незадоволни поради тоа што повеќе од две недели се во центарот. По препорака на невладини организации, тие инсистираат барањата за азил да им бидат разгледани во друга држава, а не во Белгија.

Белгија од оваа недела почна со специјални акции против трговците со луѓе, како и со проверка на документите на сите бегалци во земјата, изјави министерот за внатрешни работи Јан Јамбон.

Тој додаде дека засега Белгија не планира постојани проверки на границите.