Немири во Сeнт Луис: Полицајци застрелаа тинејџер Афроамериканец

Немири во Сeнт Луис: Полицаец застрела тинејџер Афроамериканец
Немири во Сeнт Луис: Полицаец застрела тинејџер Афроамериканец

Полицајци застрелаа тинејџер Афроамериканец, во Сент Луис вчера, кој врз нив вперил украден пиштол.

Началникот на полицијата во градот во државата Мисури во централниот дел на САД, Сем Дотсон изјави дека тој бил убиен додека полицајци се обидувале да спроведат рација во кварт со високо ниво на криминал вчера утро по локално време.

Полицајци застрелаа тинејџер Афроамериканец, во Сент Луис вчера, кој врз нив вперил украден пиштол. Фото: KENNY BAHR/REUTERS
Полицајци застрелаа тинејџер Афроамериканец, во Сент Луис вчера, кој врз нив вперил украден пиштол. Фото: KENNY BAHR/REUTERS

Застреланото момче било идентификувано како 18-годишниот Мансур Бол-Беј. Другиот Афроамериканец, кој успеал да избега исто така е тинејџер.

Полицијата утврдила дека огненото оружје на убиениот е украдено. На местото бил откриен кокаин.

Тројца демонстранти се  уапсени.Фото: LAWRENCE BRYANT/REUTERS
Тројца демонстранти се уапсени. Фото: LAWRENCE BRYANT/REUTERS

По убството, повеќе граѓани се собрале на протест во Сент Луис. Револтирани, тие фрлале камења врз полицајците, кои одговориле со солзавец. Тројца демонстранти биле уапсени.

Случајот доаѓа десет дена по демонстрациите, со кои беше одбележана годишнината од убиството на невооружен тинејџер црнец од полицијата во предградие на Сент Луис Фергусон, што предизвика бран насилни протести во целата земја.