Немирите од Босна се шират: Повик на револуција во Црна Гора

Немирите, како оние што се во Федерацијата на Босна и Херцеговина, може да се прелеат и во Црна Гора, а на социјалните мрежи се шири повик сите незадоволни граѓани на 15-ти април да се соберат пред зградата на Собранието во Подгорица, пишуваат тамошните медиуми.

На социјалните мрежи има се’ повеќе заговорници кои тврдат дека само со радикални мерки може да се подобри состојбата во Црна Гора.

За 48 часа, на Фејсбук страницата „Револуција во Црна Гора! Сите на улица!“ собрала повеќе од 1.100 истомисленици кои, како што тврдат, се подготвени на протести.

Според тамошните аналитичари, граѓаните на Црна Гора веќе имаа прилика да увидат дека протестите не можат да променат многу работи, како што тоа не го направија и во Босна и Херцеговина.