Еве зошто некои луѓе неможат да престанат да пушат цигари

Луѓето што неможат да престанат да пушат цигари имаат таканаречен „ген на задоволството“ што службено се нарекува “Taq1A”.

Најновите научни откритија покажуваат дека проблемите со откажувањето од цигари неможат секогаш да се објаснат со слабата волја, туку, можеби, повеќе зависта од генетската предодреденост.

„Генот на задоволството“ има улога во распределбата на допаминот, мозочната хемикалија што е поврзана со задоволството и чувството за награда, а што мозокот ја испушта кога пушиме цигари.

cigara

Научниците сметаат дека зголемените количини на допамин играат главна улога во развојот на зависноста од никотинот. Откриено е дека „генот на задоволството“ условува на луѓето да им биде полесно или потешко да престанат да пушат цигари.

Научниците наведуваат дека на луѓето што имаат „А2/А2“ тип на ген им е полесно да престанат да пушат цигари отколку на луѓето со ген „А1/А1“ или „А1/А2“.

Ова откритие се заснова на резултатите од 22 истражувања во кои учествувале повеќе од 10.000 лица.