Ненадејна победа на Феникс кај Минесота

Кошаркарите на Феникс Санс постигнаа ненадејна победа од 108:106 на гостувањето кај Минесота Тимберволфс, бидејќи во Минеаполис допатуваат со пет последователни порази.

Покрај тоа, Санс на овој дуел настапија и без својот најдобар стрелец Девин Букер. Стартната петорка на гостите не можеше да одговори на ударната петорка на Минесота, па Тимберволфс брзо создадоа предност од десет поени која ја оддржуваа до пред крајот на третата четвртина. Но Санс не мислеа да се предадат, а та се однесува особено за играчите кои влегоа во игра од клупата а кои на овој меч ја преземаа главната ролја. Драган Бендер, Алекс Лен, Трој Даниелс, Дануелс Хаус и новиот плејмејкер Ајзеа Канаан постигнаа 69 од 108 кошови за Санс и имаа клучни улоги во завршницата.

Шест секунди пред крајот, 26-годишниот Канаан, кој до пред мечот имаше само еден тренинг со екипата, ги погоди сите три слободни фрлања за водството 108:106, а Алекс Лен на спротивната страна го блокираше обидот на Џими Батлер да го одведе мечот во продолженија. Лен дуелот го заврши со 12 кошови, 19 скокови и 6 асистенции.

Драган Бендер, и покрај маската поради скршениот нос, постигна личен рекорд во НБА лигата со 17 кошови со шут 6 од 10, и 5 погодени „тројки“ со 5 погодени од 8 обиди. И Трој Даниелс додаде 17 поени, додека Канаан го заврши мечот со 15 кошови, 7 асистенции и 5 скокови.

На патот кон победата Санс не ги попречија ниту 27 загубени топки. Феникс стана првата екипа од Западната конференција која оваа сезона успеа да ги совлада Тимберволвс во нивната сала. Во домашната екипа најдобар беше Карл-Ентони Тоунс со 28 поени, 11 скокови и 4 асистенции.

Водечката екипа во лигата Хјустон Рокитс, со скор од 24 победи и 4 порази, продолжи и ноќта кон неделата да ниже победи. Пред своите навивачи ги победија Милвоки Бакс, што е 13-ти последователни победи на Рокетс. Повторно во главните улоги беа Џејмс Харден со 31 поен, 6 скокови и 5 асистенции, и Крис Пол со 25 поени, 6 асистенции и 5 скокови. По 16 кошови постигнаа Ерик Гордон и Нене. Милвоки со 28 кошови, 9 скокови и 5 асистенции ги предводеше Јанис Антетокунмпо, додека Крис Мидлтон додаде 23 поени.

Со новиот „трипл-дабл“ ефект, 60-ти кариери, Леброн Џејмс ги одведе Кливленд до домашната победа 109:100 над Јута Џез. Џејмс дуелот го заврши со 29 кошови, 11 скокови и 10 асистенции. Кевин Лав беше втор стрелец кај победникот со 15 кошови. Ослабената екипа на Џез ги предводеше одличниот дебитант Донован Мичел со 26 поени.

Кливленд со скор 22-8, цврсто го држи второто место во Источната конференција зад Бостон со скор 25-7, кој по изненадувачкиот домашен пораз од Јута Џез брзо се врати на победничкиот колосек со победата од 102:93 на гостувањето кај Мемфис. Гостите веќе во првата четвртина отидоа на 21 поен предност (31:10), но Мемфис се вратија и едно кусо време поведоа на крајот од третата четвртина (73:71). Меѓутоа, Селтикс ги оставија Гризлис без кош речиси до половината на последниот дел од натпреварот со серијата 16:0 дојдоа до предноста од 14 поени (87:73).

Кајри Ирвинг постигна 20 кошови со 6 асистенции, Џејсон Тејтам додаде 19 поени и 9 скокови, а Ал Хотфорд заврши со 15 поени, 7 скокови и 6 асистенции за Бостон. Мемфис со 30 кошови и 10 скокови ги предводеше Марк Гасол.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.