Ненадејно почина познат албански рапер

На 33-годишна возраст денеска ненадејно почина познатиот албански рапер Флоранд Конди познат под уметничкото име „ Др Флори“.

Според лекарите од Универзитетската клиника „Мајка Тереза“ во Тирана, причина за смртта најверојатно е срцев удар. Телото е дадено на обдукција, која треба да ја потврди вистинската причина за смртта. Во болницата бил примен во 10.20 часот но за жал без знаци на живот, јави дописникот на МИА од Тирана.

На почетокот на неговата кариера, во 2001 година, тој беше шеф на групата West Side Family, соработувал со многу музички имиња за кои компонирал. Тој е автор на песната „Студен оган“ која на Евросонг 2006 ја пееше Луиз Ејли. Незаборавна беше и изведбата на две композиции со сега актуелниот премиер Еди Рама, во 2003 и 2009 година. Тој беше оженет и е татко на две деца. На прашањето каков бил неговиот живот, секогаш одговараше со„живот како и на сите други“.