Ненадејно почина познат македонски новинар

Денеска во Скопје, на 57-годишна возраст, ненадејно почина Ѓорги Ристески Џостер, долгогодишен новинар во весниците „Вечер“ и „Експрес“.

Новинарската кариера ја почнал во градската рубрика на „Вечер“, а бил и во надворешно-политичката редакција, заменик на главниот уредник и шеф на маркетинг на весникот.

Посмртните останки на Ристески ќе бидат изложени во капелата на гробиштата Бутел утре од 12 часот, а погребот ќе се изврши во 13 часот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.