Неновски: Политичката криза е страшен удар врз економијата

Неновски: Политичката криза е страшен удар врз економијата
Неновски: Политичката криза е страшен удар врз економијата
Со мерката за зголемување на каматната стапка на НБРМ се елиминираат шпекулациите за девалвација на денарот, вели во разговор за ТВ Нова професорот Томе Неновски.

-Полека мислам дека ситуацијата се смирува и стопанствениците можат да очекуваат дека ќе дејствуваат можеби во нешто поизменети околности во однос на претходниот период, но во секој случај мора да се нагласи, политичката криза е далеку пострашен удар врз економијата отколку овој мал, некаков удар, всушност не е ни толкав удар за економијата, изјави Неновски.

Најважно е, додава Неновски, политичката криза да се реши, па сето ова можеби ќе се врати и назад, односно каматните стапки да се намалат.