Неновски: Предвременото раздолжување кон ММФ е одлична вест

Предвременото раздолжување на Република Македонија кон ММФ, според екепертите, е одлична вест, а според нив ќе има и продолжени ефекти од предвермената отплата, односно ММФ ќе има добар позитивен пристап затоа што тие вообичаено го следат движењето на девизните резерви и наплатно -билансната состојба на државата, објави МИА.

-Во оваа и во следните две години доспеваат поголема сума на кредити спрема странските кредитори кои што Македонија ги има земено во изминатите години, што значи дека доаѓаме во фаза кога тие кредити треба да се отплатуваат и сега ако буџетките можости, девизните резерви и пресметките кои што се прават го дозволуваат тоа тогаш благопријатно е, дел од тие кредити барем да се вратат и порано затоа што ќе може да има и соодветни ефекти. Добивме информација вчера од МФ дека отплатата на 173 милиони долари, значи предвремена отпата на кредитот за претпазливост создава позитивни ефекти за државниот буџет и за девизните резерви врз основа на камати и курсни разлики, некаде околку 5 милиони долари што не е за занемарување. Понатаму ефектот би бил дека за соодветен процент ќе се намали, беше речено дека за 1,7 процентни поени ќе се намали јавниот долг и соответно државниот долг на државата што исто така е благопријатно дејство врз целината на задолженоста на земјава, истакна поранешниот  заменик-гувернер на НБМ, Томе Неновски, во изјава за Лидер.

Предвеременото раздолжување, нагласи тој, може да има и позитивно влијание врз странските инвеститори.

-ММФ имаат стално во предвид и тогаш кога одобруваат некаквии аранжмани, каква е билансната состојба и динамиката на девизните резерви. понатаму позитивно влијание би можело да има врз странските инвеститори кои нормално врз осснова на ваква една одлука сите би размислувале попозитивно во поглед на одлчувањето дали ќе ги реализираат своите планирани инвестиции во Р. М или не. Во овој случај има би требало всушност да има позитивно дејство врз рејтингот на државата , кредитниот рејтинг на државата што ќе го регистрират водечките меѓународни рејтинг агенции, веќе чувме дек ФИЧ една од водечките рејтинг агенции ни го задржа стабилниот рејтинг ББ +, така да верувам дддека после ова тие ќе го задржат овој рејтинг и кој знае дај боже може ќе ги зголемат, а тоа е признание за макроеконоската стабилност и политика на Р. М, заклучи Неновски.